Шведскиот закон за пандемијата истече во петокот, што значи дека владата повеќе нема овластување да воведува рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на Ковид-19.
Од петок, нема повеќе мерки за следење на контактите или самоизолација, а Ковид-19 не се смета за закана за јавното здравје.
Повеќето рестриктивни мерки во скандинавската земја веќе се укинати на 9 февруари.
Владата и здравствените власти го оправдаа потегот со фактот дека Швеѓаните биле високо вакцинирани и имале блага клиничка слика на омикронската варијанта на вирусот.