Најмалку 39 луѓе, поголемиот број припадници на безбедносните сили се повредени во вчерашните судири со антивладините демонстранти во Багдад, соопшти ирачката полиција.
Полицијата употреби солзавец при што се повредени најмалку седуммина.
Ирачката армија соопшти дека најмалку 32 нејзини припадници се повредени во експлозиите на рачни гранати, кои ги фрлале групаташто се инфилтрирала помеѓу мирните демонстранти.
Илјадници луѓе вчера на улиците на ирачките градови ја одбележаа првата годишнина од масовните антивладини протести.