петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во светот 1,3 милиони починати од коронавирус, Европа брои најмногу новозаболени

Во светот 1,3 милиони починати од коронавирус, Европа брои најмногу новозаболени

Во светот официјално се регистрирани 1.303.783 починати лица од коронавирус и 53.380.442 случаи на коронавирус.

Со новите близу 300.000 случаи дневно, Европа и натаму е со најголем раст според бројот на заболени, иако со зголемувањето од околу 1 процент изгледа дека растот се стабилизира.

Властите во Европа меѓутоа речиси насекаде ја отфрлуваат идејата за ублажување на рестриктивните мерки.

Денес Грција објави дека ги затвора градинките и училиштата, а во Португалија на сила е викенд полициски час. Во Украина продавниците кои не се неопходни ќе бидат затворени за наредните три викенди.

Австрија планира од сегашниот полициски час да премине на делумен карантин од вторник до недела 6 декември.

Франција констатираше стагнација со бројот на новозаболени, но таму ситуацијата и понатаму е сериозна. Во Италија ситуацијата се влошува.