Турција денеска соопшти дека 2.756 лица вработени во јавните служби – војници, наставници и вработени во министерства, се отпуштени од јавните институции поради врски со терористички организации.
Во Декретот кој е објавен во Службениот весник на Турција се наведува дека тие лица биле членови или имале врски со терористички групи, структури и тела кои дејствуваат против националната безбедност.
Околу 50.000 луѓе досега се уапсени поради наводна вмешаност во неуспешниот државен удар во Турција во јули минатата година, а околу 150.000 се отпуштени или суспендирани од своите позиции.
За организација на неуспешниот преврат Турција го обвинува Фетулах Ѓулен.