Турската полиција во Истанбул и уште 35 окрузи во земјата утринава извршија истовремена операција против лица осомничени за врски со терористичката организација ФЕТО, при што се уапсени 63 лица, објави весникот „Милилет“.
Операцијата беше извршена по истрагата што доведе до налог за апсење од вкупно 103 осомничени кои соработувале со членови на организацијата.
Полицијата продолжува да дејствува за апсење други осомничени лица.
Турските власти ја обвинуваат организацијата поврзана со американскиот исламски проповедник Фетулах Ѓулен дека стои зад обидот за државен удар во јули 2016 година.(МИА)