Повеќе од 150 нови случаи на коронавирусот се пријавени во Украина во изминатите 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.
Со ова вкупниот број на заразени во Украина е зголемен на 1.096, починале 28 пациенти, а 23 оздравеле.
Украина воведе вонредна состојба на 24 март поради ширењето на коронавирусот.