вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Велика Британија почнува програма за масовно тестирање на антитела

Во Велика Британија почнува програма за масовно тестирање на антитела

Во рамките на новата владина програма, што има за цел да дознае повеќе за тоа колку луѓе имаат природна заштита по инфекција со коронавирусот, Велика Британија воведува тестовите за антитела што ќе бидат масовно достапни за јавноста, пишува Би -Би -Си, додавајќи дека секој ден на илјадници возрасни лица ќе им се нудат ваквите тестови.

Во тестирањето од вторник ќе може да се вклучи секое лице постаро од 18 години, кое претходно ќе има направено ПЦР -тест.

Министерот за здравство Саџид Џавид кажа дека тестирањето ќе биде брзо и лесно.

Од сите оние кои ќе излезат позитивни на ПЦР-тестот, 8.000 ќе добијат два сета тестови за антитела, што ќе можат да ги направат дома. Првиот тест се изведува со боцкање во прст и треба да се изврши што е можно поскоро по позитивниот резултат. Вториот ќе биде земен 28 дена подоцна и со него ќе се мерат антителата како одговор на инфекцијата.

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство треба да ја води програмата и ќе работи заедно со службите за тестирање и следење на НХС во Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска за да ги користат резултатите за следење на нивото на антитела во позитивни случаи.

Извршниот директор др. Џени Харис изјави дека програмата ќе му помогне на Обединетото Кралство да добие важен увид во влијанието на програмите за вакцинација и имунолошките одговори на различните варијанти на вирусот.