Градоначалникот на третиот по големина град во Јапонија се соочува со јавен линч поради неговата изјава дека периодов на шопинг по намирници треба да одат само мажите бидејќи жените многу се задржувале по маркетите.
Со над 2,6 милиони жители Осака е трет најголем град во Земјата на зајдисонцето. Ичиро Мацуи е веќе една година градоначалник, но поради една изјава веќе го навлече гневот на женската популација во мирната Јапонија.
„На жините им е потребно многу подолго време за шопинг бидејќи тие пребаруваат помеѓу различните продукти и пресметуваат која опција е подобра“, кажа Мацуи за време на една прес-конференција во Осака во четвртокот.
„Од друга страна, мажите само го земаат она што им е речено да го купат, па така тие не висат долго по супермаркетите. Тоа значи дека на тој начин се избегнува близок контакт со други лица“, додаде тој.
Изјавата на Мацуи доаѓа бидејќи бројот на заразени во Јапонија значително порасна.