петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Војската на САД ликвидира команданти на Ал Каеда 

Војската на САД ликвидира команданти на Ал Каеда 

Американската армија соопшти дека нападнала седиште на раководството на Ал Каеда и место за обука во северниот дел на Сирија, каде се планираат напади врз Американците и други.

Централната команда на САД соопшти дека нападот се случил вчера во близина на сириската северна покраина Алепо.

Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека во нападот се убиени осум членови на Хорса ал-Дина, што на арапски значи „чувари на религијата“, поврзани со Ал Каеда.

Според сириската невладина организација помеѓу загинатите се и шест команданти – двајца Алжирци, двајца Тунижани и еден Египќенец и еден Сириец. (МИА)