четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Вонреден состанок на НАТО поради тензиите на Блискиот исток

Вонреден состанок на НАТО поради тензиите на Блискиот исток

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најави во неделата вонреден состанок на Алијансата кој ќе се одржи во понеделник поради зголемените тензии на Блискиот исток, по американскиот атентат врз влиајтелниот во регионот ирански генерал Касем Сулејмани.

На состаникот на ниво на постојаните претставници на членките на НАТО ќе се дискутира за ситуацијата во Ирак по убиството на геенралот Сулејмани во петокот, изјави портпаролот на алијанската за DPA.

Состанокот ќе се одржи во 15 часот во понеделник, по средноевропско време, дознава бриселскиот дневен весник Standard.

Амбасадорите на земјите членки на НАТО вообичаено се состануваат еднаш седмично, додека министрите за надворешни работи и министрите за одбрана, или на ниво на шефови на држави или влади (самити), се остануваат најчесто по двапати годишно.

Северноатлантскиот совет ги носи сите клучни одлуки на НАТО. Сите одлуки се носата со консензус, а со него претседава генералниот секретар на Алијансата.