сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вонредна состојба поради невремето во Нов Зеланд

Вонредна состојба поради невремето во Нов Зеланд

Владата на Нов Зеланд прогласи вонредна состојба на територијата на целиот архипелаг поради бурата „Габриел“.

Според надлежните власти „Габриел“ е метеоролошки настан без преседан кој на Северниот остров во земјата донесе пороен дожд и силен ветер со брзина од 140 километри на час.

На некои места е прекинато напојувањето со електрична енергија, има одрони, паднати дрвја и куќи. Некои жители се целосно отсечени од светот поради лизгање на земјиштето или поплави.

Според новозеландскиот премиер Крис Хипкинс, сè уште е рано да се каже колку луѓе се погодени од катастрофата и степенот на штетата, но таа веќе се опишува како огромна во северниот дел на земјата.