На социјалните мрежи се појави ново видео од бомбардирањето на Харков.
Видеото го објавила Олена Халушка, вработена во Украинскиот центар за борба против корупцијата. Тоа е невладино, граѓанско здружение, а самата Халушка има околу 50.000 следбеници на Твитер.
Таа ја објавила снимката вчера. На снимката, која се чини дека е скриншот од монитор на камера за надзор, се гледа пат и неколку пешаци. Во преден план е личност, изгледа жена, која носи торби и го поминува патот. Во позадина се гледаат уште две лица како трчаат преку патот.
Во еден момент на сред улица експлодираат два проектила. Лицето во преден план на видеото паѓа од силината на ударот, но набрзо станува и продолжува понатаму.
A missile hits #Kharkiv residential area again. This is how the life of Ukrainians looks under russian bombs and rockets. For how long will it continue? #ArmUkraineNow #protectuasky
Video: Ukraine Now pic.twitter.com/NAyr86pSeQ— Olena Halushka (@OlenaHalushka) April 17, 2022