сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Врховниот суд на Бразил го смени гувернерот поради немирите

Врховниот суд на Бразил го смени гувернерот поради немирите

Гувернерот на Федералниот округ на Бразил, Ибањез Роша, е привремено сменет од функцијата од страна на Врховниот федерален суд на земјата, објави весникот Глобо, повикувајќи се на судска наредба.

Гувернерот е суспендиран на „најмалку 90 дена“ поради „злонамерно непостапување“.

„Ништо не може да го оправда неделувањето и толеранцијата на шефот на службата за јавна безбедност и гувернерот на федералниот округ кон криминалците кои претходно ја објавија својата намера да извршат насилни дејствија против властите“, се вели во одлуката.

Судот, исто така, нареди дека камповите во близина на воените бази поставени од поддржувачите на Болсонаро кои повикуваат на државен удар мора да бидат отстранети во рок од 24 часа и дека патиштата и зградите мора да се деблокираат.

Приврзаниците на поранешниот бразилски претседател вчера се судрија со полицијата и упаднаа во зградите на Националниот конгрес (Парламентот), претседателската палата и Федералниот врховен суд. Тие не ги признаваат резултатите од октомвриските претседателски избори. Според прелиминарните податоци, во немирите учествувале околу 5.000 луѓе.