петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Втор ден од самитот на ЕУ за буџетот и фондот за опоравување

Втор ден од самитот на ЕУ за буџетот и фондот за опоравување

Лидерите на ЕУ денеска повторно се на состанок во Брисел, во обид да постигнат договор за пакетот за опоравување на ЕУ, што вклучува седумгодишен заеднички буџет и фонд за обнова од последиците од кризата со Ковид-19.

Пленарната средба почна во 11 часот, а и претходеше работен појадок организиран од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за лидерите на Германија, Франција, Италија, Шпанија и Холандија.

Првиот ден на самитот заврши без консензус по 13 часа разговори.

На маса е „пакет“ вреден 1.824 милијарди евра, што вклучува 1.074 милијарди евра за буџетот на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година и Инструментот за обновува од 750 милијарди евра.

Предлогот на Европската комисија е ЕУ да се задолжи во наредниот период на светските пазари на пари до износ од не повеќе од 750 милијарди евра, од кои земјите и регионите на ЕУ ќе имаат заеми од 250 милијарди евра и грантови до 500 милијарди евра.