Во една зоолошка градина на југоистокот на Кина загина еден кенгур кој посетителите, во желба да видат како скока, го гаѓале со камења, јавува државната телевизија ЦЦТВ.
12-годишната женка им подлегна на повредите во зоолошката во Фудџоу.
Посетителите го гаѓале кенгурот со цигли и камења поради што едната шепа и била потполно смачкана.
Ветеринарот утврдил дека кенгурот бил усмртен од удар во пределот на бубрегот.
Инцидентот се случил на 28 февруари, но засега не е познади дали некој од сторителите ќе биде казнет.