четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЖАЛНО: Загина кенгур кој посетителите го удирале со камења за да го видат како скока

ЖАЛНО: Загина кенгур кој посетителите го удирале со камења за да го видат како скока

Во една зоолошка градина на југоистокот на Кина загина еден кенгур кој посетителите, во желба да видат како скока, го гаѓале со камења, јавува државната телевизија ЦЦТВ.

12-годишната женка им подлегна на повредите во зоолошката во Фудџоу.

Посетителите го гаѓале кенгурот со цигли и камења поради што едната шепа и била потполно смачкана.

Ветеринарот утврдил дека кенгурот бил усмртен од удар во пределот на бубрегот.

Инцидентот се случил на 28 февруари, но засега не е познади дали некој од сторителите ќе биде казнет.