Пекинг остро се спротивставува на американскиот притисок врз кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеj, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијан, реагирајќи на најавите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги прошири санкциите против таа компанија.
Обраќајќи се на редовната прес-конференција, Жао ги повика САД да престанат да ги дискредитираат кинеските компании.
Жао истакна дека кинеската влада ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за заштита на легитимните права на кинеските компании.