сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Застрашувачки амбис: Анимирано видео покажува како изгледа длабочината каде можеби се наоѓа исчезнатиот „Титан“ (ВИДЕО)

Застрашувачки амбис: Анимирано видео покажува како изгледа длабочината каде можеби се наоѓа исчезнатиот „Титан“ (ВИДЕО)

Додека спасувачите се тркаат со времето за да ги спасат петте патници од подморницата која исчезна во Атлантикот во неделата за време на експедицијата до потонатиот брод Титаник, шпанската компанија за анимација MetaBolStudios создаде видео кое покажува колку длабоко може да се наоѓа „Титан“.

Снимката го следи постепеното спуштање низ дигитален подводен пејсаж во кој, за споредба, се поставени добро познати високи згради како Ајфеловата кула, Статуата на слободата и Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот. Патувањето на крајот завршува на длабочина од 3.700 метри, на дното на Северниот Атлантик каде се остатоците од „Титаник“.

Подморницата „Титан“ со која управува американската компанија „ОушнГејт“ (ОГЕ), во неделата наутро тргнала на нова експедиција, но набргу потоа изгубила контакт со бродот на површината. „Титан“ на секои 15 минути испраќал сигнал до бродот „Полар принц“. Последниот сигнал бил во неделата во 15:00 часот по Гринич, кога бродот бил директно над остатоците од Титаник.

Ова може да значи дека исчезнатата подморница сега е некаде на дното на океанот со остатоците од Титаник пресечени на половина, речиси 4.000 метри под површината.

Како што се гледа на видеото на „MetaBolStudios“, дури и највисоката зграда на светот, Бурџ Калифа, изгледа ситно во длабочините на Северниот Атлантик со висина од 675 метри.

– Едно од најголемите прашања е каде е подморницата. Дали е на дното, дали лебди, дали е на средина на водата. Тоа е нешто што сè уште не е воспоставено. Водата е многу длабока, повеќе од три километри. Тоа е како посета на друга планета, тоа не е како што мислат луѓето. Нема сонце, околината е студена, а притисокот е висок – изјави за Си-Ен-Ен Дејвид Гало, сопственик на правото на спасување предмети од потонатиот брод Титаник.

Иако „Титан“ е опишан како подморница, тој всушност е „подводно возило“. Подморницата е независен брод со сопствен систем за обновување на енергијата и воздухот, додека подводниот брод треба да го поддржува брод на површината или тим на брегот.

Според „Дејли мејл“, подморниците во просек можат да одат до длабочина од 450 метри, но „Титан“ е дизајниран да патува речиси 800 отсто подлабоко од тоа, до максимални 4.000 метри. Експертите затоа се плашат дека „Титан“ може да биде предалеку за подморница на американската морнарица, чија граница е 609 метри, да стигне до него.

Затоа, возилата со далечински управувач може да бидат единствената алтернатива за спас. Меѓу патниците се британскиот истражувач Хамиш Хардинг (58), извршен директор на „OceanGate“ Стоктон Раш, 73-годишниот француски истражувач Пол Анри Наргелет и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд, управник на Институтот СЕТИ и неговиот 19-годишен син Сулејман, објави Би-Би-Си.

Се верува дека екипажот на исчезнатиот „Титан“ имал кислород до 13 часот денеска, што се базира на претходни проценки. Тој рок е истечен, а од подморницата се уште нема трага.