вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Затворени гласачките места во Либан

Затворени гласачките места во Либан

Заврши гласањето за парламентарните избори во Либан, први по девет години , а првичните резултати од пребројувањето на гласовите се очекуваат околу полноќ.

Во дел од изборните места се уште се гласа, бидејќи имало колони луѓе кои чекаат да го дадат својот глас. Министерството за внатрешни работи одби да ги продолжи изборите за два часа и покрај повиците на редица истакнати личности, јави ТАСС.

Право на глас имаа 3,6 милиони граѓани на возраст над 21 година. За 128 пратенички места, се борат 976 кандидати, вклучувајќи рекорден број на жени – 111.

Одѕивот на гласачите во повеќе изборни единици надминал 50 проценти, а во Бејрут бил под 40.

МИА