Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани технолошкиот претприемач Илон Маск да ја посети Украина по војната – а шефот на SpaceX рече дека со нетрпение очекува.
Маск и испрати на Украина камион со интернет терминали Starlink, кои се поврзуваат со сателитската услуга на неговата компанија, и вети дека ќе испрати уште еден оваа недела.
Владата работи на обезбедување на интернет пристапот на Украина поради руските напади врз комуникациската инфраструктура.