Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со американскиот колега Џо Бајден телефонски разговарале половина час, а станало збор и за нови санкции против Русија.
„Само што го завршив разговорот со претседателот на САД. Заеднички ја оценивме ситуацијата на бојното поле и на преговарачката маса. Разговаравме за нов пакет санкции и заострување на постоечките казнени мерки“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој додаде дека разговарале и за поддршка во одбраната на Украина, како и за финансиска и хуманитарна помош.