четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес го потресе Нов Зеланд додека премиерката имаше прес-конференција, нејзината реакција е зачудувачка (ВИДЕО)

Земјотрес го потресе Нов Зеланд додека премиерката имаше прес-конференција, нејзината реакција е зачудувачка (ВИДЕО)

Премиерката на Нов Зеланд воодушеви од нејзината мирна реакција на земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што утринава ја погоди земјата.

Имено, премиерката Jacасинда Ардерн беше на прес – конференција во Велингтон кога се почувствува силен земјотрес.

Како што може да се види на видеото, кога земјата почна да се тресе, премиерката Ардерн се фати за подиумот.

Кога сфатила за што станува збор, се обратила кај новинар кој и поставил прашање во моментот на земјотресот.

„Извинете, мала непријатност. Можете ли да го повторите тоа прашање?” рече Џасинда со насмевка на лицето.