сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес од 7 степени во морето кај Бали

Земјотрес од 7 степени во морето кај Бали

Силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер рано утрово е регистриран длабоко во морето северно од индонезиските острови Бали и Ломбок, принудувајќи ги жителите на островите да ги напуштат зградите, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 203 километри северно од индонезискиот град Матарам и на длабочина од 516 километри, соопшти EMSC. Индонезиските и американските геолошки агенции известија дека се работи за земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер и оти нема закана од цунами.

Земјотресот се случил непосредно пред 4 часот долж бреговите на Бали и Ломбок, а потоа следеле уште два земјотреси со јачина од 6,1 и 6,5 степени, соопшти Индонезиската геолошка агенција.

Засега нема извештаи за штети, соопшти индонезиската Агенција за управување со вонредни состојби.