Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Тихи Океан во близина на брегот на Камчатка на рускиот Далечен Исток, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Епицентарот на земјотресот бил на 94 километри од градот Петропавловск-Камчатски на длабочина од 20 километри.
Нема информации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета.