понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени го погоди Кашмир

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени го погоди Кашмир

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени го погоди регионот Кашмир, кој е под контрола на источна Индија, а бил почувствуван во Њу Делхи и во северниот дел на земјата.

Епицентарот на земјотресот на длабочина од шест километри бил во Дода, мал град во Џаму и Кашмир под контрола на Индија, соопшти Националниот центар за сеизмологија.

Официјални претставници рекоа дека нема извештаи за причинета штета.

Земјотресот бил почувствуван и во делот на Кашмир, кој го контролира Пакистан, и во Пакистан.