понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Злостор кој го тресе светот: На ТВ плачел по „исчезнатите“ жена и деца, па се дознало дека ги убил на брутален начин

Злостор кој го тресе светот: На ТВ плачел по „исчезнатите“ жена и деца, па се дознало дека ги убил на брутален начин

Крис Вотс (33) му признал на својот татко дека ја убил сопругата за која во полиција дал исказ дека е исчезната.

Тој неколку пати ги менувал исказите околу тоа што се случило со неговата сопруга и ќерките. Најпрво тврдел дека сите три исчезнале, а во полиција рекол дека со сопругата се скарал претходно тој ден.

Во медиумите изнесувал разни емотивни апели, за наскоро да се дознае дека токму тој е главниот осомничен за убиството на сопругата и ќерките.

Освен тоа, по две дена истрага, полицијата открила дека тој ја изневерувал сопругата со колешка од работа што на почетокот тој негирал.

Убиството на сопругата Шенон го признал по разговор со неговиот татко, но и натаму тврди дека таа ги задавила нивните ќерки, пренесува порталот 24сата.хр.

-На бејби мониторот видов дека Бела лежи модра, по што ја забележав Шенон како ја дави Селеста. Тогаш збеснав и ја задавив, изјавил тој.

Тврди дека причината за нападот е тоа што од сопругата барал развод, по што таа побеснела.

-Теоријата дека таа ги убила децата не држи вода. Нема никакви докази за тоа, изјавил извор близок до истрагата.

Жената ја закопал, а ќерките ги фрлил во буре со нафта

Во полиција нивното исчезнување е пријавено на 13 август, а телата биле пронајдени неколку дена подоцна на имот на поранешен соработник на Вотс.

Тој е обвинет и за уништување на докази, бидејќи наводно ја закопал Шенон во плиток гроб, а телата на двете ќерки ги фрлил во буре со сирова нафта. Во медиумите е објавено дека сите три се задавени, но властите не ја потврдуваат причината за смртта.

Љубовницата: Сакаше „животински“ секс

Во јавноста се појавила и љубовницата на Вотс со која наводно бил во врска во мај и јуни годинава. Таа изјавила дека тој сакал „животински секс“ и дека знаел да „збудали“ во текот на ноќта. Исто така изјавила дека тој и зборувал за своите сексуални фантазии за силување.