вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Жолто небо и дожд со песок од Сахара над Источна Франција

Жолто небо и дожд со песок од Сахара над Источна Франција

Добар дел од источниот и средниот дел на Франција вчера и денеска се најдоа во необична атмосферска состојба, во која доминираше небото со жолтеникава светлина, а автомобилите беа прекриени со жолт песок. Причината за ова се честички од песок од Сахара, јави дописникот на МИА.

За да го објасни овој феномен, Метето Франс објасни дека ова е последица од песочната бура која во последните часови дува во пустината Сахара, во Мароко. Многу изразениот јужен тек ги испрати честичките од песок во атмосферата, а потоа депресијата на Балеарските Острови дозволи песокот да се крене многу подалеку на север, до Франција, па дури и до Бенелукс.

Ситниот дожд потоа ги спушти зрната песок на земја… паѓајќи врз автомобилите и улиците.

Неколку слични епизоди се случија минатата година. Жолтото небо беше особено видливо на почетокот на февруари 2021 година, поради ниското зимско сонце. (МИА)