Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи на судењето за случајот „Траекторија“ се појави во елегантна долга бунда, со чизми со високи потпетици и соодветна чанта, објави Канал 77.
-Бундата која денеска ја носеше Фетаи, многу наликува на еден од моделите на угледна белградска модна куќа, која има свои продавници и во Скопје. Цената на бундата изнесува 830 евра, со попуст. Според описот од производителот, бундата е со крзно од ракун, пишува Канал 77.