На социјалните мрежи се појавија неколку фотографии на кои е прикажано оневозможеното движење на инвалидска количка на Јужен булевар, која е блокирана со автомобили. Автомобилите се движат и низ сообраќајницата, а се паркирани и на тротоарите.
Целта е, овие фотографии да ги разбудат надлежните институции и конечно да се стави ред, на движењето на пешаците, велосипедистите и лицата со телесен инвалидитет.