Во отсуство на реална работа и проекти, владините министри и функционери се фалат, верувале или не, дека оствариле меѓусебна средба.
Дел од медиумите денеска пренесоа дека вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче оствариле средба на која разговарале за предизвиците на здравствениот систем, предвидените реформи, но и можноста за меѓусебна соработка.
Во отсуство на реални проекти од кои корист ќе имаат граѓаните, овие два члена на Владата на Зоран Заев прават состанок, „млатат празна слама“ и од тоа прават медиумски настан.