среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Вардар доби вистински „ѕвер“ меѓу стативите: Погледенете ја тројната интервенција на Милосављев против Монпелје (ВИДЕО)

Вардар доби вистински „ѕвер“ меѓу стативите: Погледенете ја тројната интервенција на Милосављев против Монпелје (ВИДЕО)

Многу сметаат дека РК Вардар во оваа сезона влегува драстично ослабен во однос на минатите, меѓутоа според тоа како ја стартуваа сезоната, со победа на гостински терен против европскиот шампион Монпелје, не би се согласиле баш со тие тврдења.

А посебно на овој меч се покажа уште еден од оние во кои многумина не веруваа, а тоа голманот Владан Милосављев кој дојде на местото на одличниот Арпад Штербик, но и тој покажа дека има причина зошто е тука.

Тој собра 15 интервенции на овој меч, а посебно ги воодушеви сите со тројната одбрана во 24-та минута од мечот.