петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Германија е скептична во врска со идејата за коригирање на косовско-српската граница

Германија е скептична во врска со идејата за коригирање на косовско-српската граница

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас изјави дека Берлин е скептичен во врска со идејата за корекција на границите, изнесена во преговорите меѓу Косово и Србија.

Маас, кој денеска престојува во посета на Албанија, рече дека е загрижен поради можен домино ефектот.

Претседателот на Косово Хашим Тачи  претходно изјави дека темата за корекција на границата, со која српската Прешевска долина, населена претежно со Албанци, би се припоила кон Косово, ќе биде вклучена во преговорите со Белград.