понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бушати: Албанија го поддржува дијалогот меѓу Србија и Косово

Бушати: Албанија го поддржува дијалогот меѓу Србија и Косово

Албанија безрезервно поддржува „добро воспоставен” дијалог меѓу Србија и Косово, изјави албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.

– Безрезервно го поддржуваме дијалогот меѓу Косово и Србија. Сметаме дека процесот треба да ги нормализира овие односи и да донесе взаемно признавање, рече тој.

– Преку овој процес, неопходно е да се изгради внатрешен консензус во Косово” изјави Бушати за „Јета не Косове“.

Бушати истакна дека Албанија ќе поддржи добро поставена платформа за дијалог и додаде дека Албанија и Косово имаат „меѓусебна комуникација и интеракција”, кога станува збор за дијалогот меѓу Косово и Србија, пренесува порталот Приштина инсајт.

– Не е фер од Тирана да се бара да заземе позиција за разговори кои не се претворени во платформа или добро формулирани идеи, рече тој.

Запрашан за идејата за „размена на северниот дел на Митровица за Прешевската долина”, Бушати тврди дека тој никогаш не слушнал за идејата за сецесија од територијата.

(Миа)