Во 2014 година тивко и без никаква помпа на клупата на Вардар пристигна Раул Гонзалез, дури и може да се каже дека многумина беа разочарани од овој потег бидејќи фановите на Вардар на клупата на својот омилен клуб го очекуваа големото тренерско име Талант Душебаев. А се останато е приказна.
Уште во првата сезоната на клупата на Вардар Раул за малку не го однесе тимот на завршниот Фајнл Фор турнир во Келн во Лигата на шампионите, на несреќен начин со гол во гости примен во последната секунда од пенал, Вардар испадна од Флензбург. Тој момент донесе солзи кај вардаровите навивачи, но уште од тогаш се гледаше дека Раул Гонзалез знае што прави и знае зошто е донесен во Скопје.
Во сезоната кога испадна на несреќен начин од Флензбург, Вардар во осминафиналето го исфрли тогашниот европски првак, Хамбург.
Потоа Вардар имаше уште два неуспешни обиди да стигне до најголемиот европски крем во Келн, место каде што според играта секако припаѓаше.
По двата неуспешни обиди нема што повеќе за Раул Гонзалез да се зборува, дојде сезоната 2016-2017, а годината 2017-та вечно ќе биде запишана во срцата на македонските ракометни фанови, годината кога на 3 јуни падна големата Барселона и Вардар го чекираше патот во финалето, а во уште поубаво сеќавање секако останува и денот потоа 4 јули, денот кога Вардар со победата над дрим тимот и најбогатиот клуб во светот, ПСЖ, Вардар стана европски.
Иако секогаш тивок и никогаш успесите не сака да ги запишува на себе, наградата која Раул ја доби за најдобар тренер докажува дека неговата работа е можеби и клучната за успесите на Вардар.
Посебно воодушевување кај македонската јавност Раул предизвика со учењето на македонскиот, тој иако Шпанец, пресовите, тренинзите и натпреварите ги води на македонски јазик.Тој кај вардаровите фанови, го доби прекарот „Ел Команданте“.
Раул македонската репрезентација официјално ја презема на 31 март 2017 година, откако Лино Червар реши да ја преземе хрватската репрезентација.
Раул Гонзалез и неговата сопруга имаат две ќерки, 15 годишната Ана и 10 годишната Сузана.
За жал на македонските фанови, Раул Гонзалез од клупата на Вардар заминува на онаа на ПСЖ, но за среќа на фановите тој ќе остане на клупата на македонската репрезентација како што самиот најави.
Како што кажа тој во едно интервју за Офф.нет токму неговата ќерка најмногу жали што тој заминува во Париз, дека токму таа го најмногу го сака Скопје.
-Уф, сите уживаат овде. Мојата постара ќерка Ана има 15 години и игра ракомет за Вардар. Во клубот и се сите другарки, се дружат и излегуваат. Помалата Сузана има 10 години и тренира хип-хоп. Минатата недела освои златен медал на некој интернационален натпревар во Србија. И двете зборуваат македонски и учат во гимназијата „Нова“. Ана прави повеќе проблеми, не сака да оди во Шпанија, не сака да оди во Франција, сака да остане во Скопје. Ама, животот е таков, таа знае дека ќе мора да оди, кажа Гонзалез во интервју за „офф.нет.“
Раул е некогашен соиграч на Талант Душебаев и Енрик Масип, со кои Шпанија дојде до бронзениот медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Атланта во 1996 година како и четири години подоцна во Сиднеј. Како тренер, работел како дел од стручниот штаб на Атлетико Мадрид, каде што повторно соработувал со поранешниот репрезентативен колега, Душебаев.