Едно лице се здобило со тешки повреди во судир на два мотоцикли вчера во Охрид.
Како што информираат од полицијата несреќата се случила на крстосницата од улиците „Нада Филева“ и „Аргир Маринчев“ помеѓу мотоцикл „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Љ.Ц.(59) од Охрид и мотоцикл „Кивеј“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Љ.Ј.(28) од Охрид.
-Во незгодата, возачот на мотоциклот „Кивеј“-Љ.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил задржан во болницата „Св.Еразмо“, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР-Охрид.