По стартната победа против словенечки Хелиос, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечер го пречекуваат Борац од Чачак во обид да стигнат до втората победа во регионалната АБА 2 лига.
– Убеден сум дека со помош на навивачите, кон кои апелирам да дојдат во што е можно поголем број, ќе го совладаме Борац и ќе се израдуваме на втората победа. Но, за да го сториме тоа ќе треба сериозно да се испотиме, во што воопшто и не се сомневам. Не очекува пресметка со исклучително квалитетен и пред се искусен противник. Клучно ќе биде да одиграме добро под кошевите, пристапот да ни биде како што посакуваме и секако да бидеме агресивни во одбраната, изјави Кочов за клупскиот сајт на МЗТ.
Натпреварот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот.