вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Кисела Вода, се преврте возило, жена со тешки повреди заврши на Ургентен

Тешка сообраќајка во Кисела Вода, се преврте возило, жена со тешки повреди заврши на Ургентен

Во текот на вчерашниот ден во 11:05 часот на улица „Борис Трајковски“, во Кисела Вода, патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.С.(36) од Скопје, изгубило контрола и се превртело, информираат од МВР.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Л.С. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

(Миа)