С.С.(58) од Пробиштип вчера бил удрен од непознат автомобил на крстосница од улица „Лука Геров“ и улица „Марк Твен“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека возачот по сообраќајната несреќа побегнал со возилото од местото.
-Од ударот С.С. се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.