Оливер Ивановиќ најверојатно ќе биде погребан во Белград, на барање на неговото семејство, дознава Танјуг од извори блиски до семејството.
Телото на убиениот Ивановиќ ќе му биде предадено на семејството по обдукцијата која ќе биде извршена во Клиничката болница во Косовска Митровица.
Директорот на болницата потврдил дека обдукцијата врз телото на Ивановиќ ќе се изврши денес попладне.
-Во обдукцијата ќе учествуваат и претставници од ЕУЛЕКС и од Институтот за судска медицина од Приштина, изјавил директорот за Танјуг.