сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија кај Свети Николе: Загина 19 годишно момче, малолетничка тешко повредена

Трагедија кај Свети Николе: Загина 19 годишно момче, малолетничка тешко повредена

Едно лице го загуби животот, а друго е повредено во тешка сообраќајна несреќа која околу 01,20 часот синоќа се случила на регионалниот пат с.Горобинци-Свети Николе.

Од полицијата информираат дека патничко моторно возило “Ауди“ со бугарски национални ознаки управувано од С.С.(19) од Свети Николе изгубилo контрола и удрилo во дрво.

-Во незгодата на местото на настанот починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобила 16- годишна сопатничка од Свети Николе која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.