четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ со пораз се враќа од гостување кај Зрињски

МЗТ со пораз се враќа од гостување кај Зрињски

МЗТ Скопје со пораз од 93:87 се враќа од гостување кај Зрињски во Мостар во рамките на петото коло во АБА2 лигата.

Кошаркарите на МЗТ уште во првата четвртина покажаа слабост и по десет минути игра им дозволија на домаќините да направат високо водство 25:16.

Слабото издание на македонскиот тим продолжи и во втората четвртина, а Зрињски на паузата замина со предност од 51:36.

МЗТ во третиот период се обиде да се врати во игра и да ја анулира разликата, но домаќините ја задржаа контролата над играта и не дозволија изненадување задржувајќи ја високата предност 25:20 (76:56).

Во последните десет минути кошаркарите на МЗТ покажаа поконзистентна игра и сериозно ја намалија разликата, но Зрињски не дозволи пресврт и натпреварот го доби со 93:87.

Во рамките од шестото коло МЗТ ќе го пречека тимот на Сплит. (МИА)