понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Возел пијан со над 100 км/ч: Дарко Лазиќ се обидел да закочи кога почнал да губи контрола над возилото – познати нови детали

Возел пијан со над 100 км/ч: Дарко Лазиќ се обидел да закочи кога почнал да губи контрола над возилото – познати нови детали

Фолк пејачот Дарко Лазич се обидел да закочи ога сфатил дека ќе излета од патот и ќе се преврти со автомобилот, меѓутоа поради пребрзото возење не успеал да го запре возилото на време, пишува „Блиц“.

Како што пишува порталот, на местото каде пејачот излетал од патот, полицијата за време на увидот пронашла траги од кочење. Токму тие покажуваат дека Лазиќ не заспал зад воланот, како што многумина мислеа.

Според пишувањата на Блиц, Дарко се обидел да го запре возилото кога почнал да губи контрола, но поради големата брзина не успеал.

-Пејачот возел над 100 км/час, што е многу поголема брзина од онаа која на тој пат е дозволена, открива Блиц.

Познато е дека пејачот бил во алкохолизирана состојба додека возел. Три часа по несреќата му бил направен алкотест кој покажал дека пејачот има 1,39 промили алкохол во крвта. Блиц дознава дека со оглед на изминатите 3 часа, речиси е сигурно дека Лазиќ во крвта имал повеќе промили алкохол, односно околу 2.

Постојат сомнежи и дека кобната вечер, познатиот српски пејач бил и под дејство на опијати.

-Неговата урина е однесена на анализа, а резултатите за тоа дали пејачот во моментот на несреќата бил  под дејство на некоја дрога ќе биде познато за ден или два, вели извор од истрагата за Блиц.

Во несреќата тој се здобил со тешки повреди и се наоѓа во животна опасност. Хоспитализиран е во болницата во Земун.

Најнови вести