Само што ќе се појави негде или ќе сподели некоја нова фотографија на Инстаграм, веднаш ги бранува машките страсти.
Емили Ратајковски едноставно точно знае како да распали со својот сексапил.
Последно, папараците ја фотографираа во минимален костим за капење од нејзината колекција ,,Инамората” , што се појави на пазарот кон крајот на минатата година.
Освен манекенството, со кое се занимава веќе 14 години, Емили имаше и неколку филмски проекти со познати актери.
Со своите родители, кои се универзитетски професори, често летувала на нудистички плажи , така што не и е проблем да го покажува своето совршено тело.
Таа важи и за феминистка и застапничка на женските права.