Автомобил „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(34) од Тетово, удрило во шестгодишно девојче од Тетово.
Како што информираат од полицијата несреќата се случила вчера околу 17:30 часот на улицата „Видое Смилевски – Бато“ во Тетово.
Од ударот, девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во тетовската клиничка болница.
Извршен е увид на местото на настанот.