Судот во Атина осуди на 10 години затвор чистачка која лажела за своето основно образование.
53-годишната жена работела 15 години во државна градинка, кога во 2014-та било откриено дека ја фалсификувала својата диплома за завршено основно образование. Судот ја осуди за измама на јавноста, пренесува агенцијата АМНА.
Хелсиншкиот комитет за човекови права. пресудата ја нарече нехумана и ги обвини судските власти за кршење на правата на немоќна жена.
Според обвинението, жената ја сменила потврдата за завршени шест години основно образование колку што и требале да се вработи како чистачка, а во стварноста имала завршено пет години.
Обвинителот на Врховниот суд најави дека следната недела ќе го проучи правното толкување на основниот суд за овој случај што ја згрози јавноста.