петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Автомобил влета меѓу луѓе, седум пешаци загинаа

Автомобил влета меѓу луѓе, седум пешаци загинаа

Еден автомобил, од засега сеуште непознати причини, влета меѓу пешаци на југозападот од Кина, притоа убивајќи седум лица, додека четворица се повредени.

Автомобилот се качил на тротоар околу 10 часот по локално време, соопштуваат локалните власти.

Полицијата не прецизирала дали се работи за сообраќајна несреќа или напад, но е наведено дека возачот е уапсен и дека „истрагата за причините на инцидентот е во тек“.

Пред пет дена автомобил удри ученици на североистокот од земјата, усмртувајќи пет, а повредувајќи 19 лица.

Возачите во Кина, како што пренесуваат медиумите, често ги игнорираат сообраќајните прописи. Според официјалните податоци, само во 2015 година во сообраќајни несреќи животот го загубиле 58.000 лица