Гостиварец починал од повреди на главата кога од камион со кој се разминувал паднале метални шипки врз неговото возило.
Според СВР Тетово, несреќата се случила околу 13 часот на улицата „Илинденска“, во близина на поранешен „Жито Шар“ во Гостивар. Од товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, што го управувал Б.С. (58) при разминување со патничко возило „опел-фронтера“ што го управувал Д.Џ (48), паднале метални шипки и го повредиле по главата.
Повредениот со возило на итна помош е пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, но набрзо им подлегнал на повредите.
На местото на настанот се врши увид со учество на јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гостивар. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.