вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Нема за што да жалиме, продолжуваме со исто темпо во Лига Европа

Анчелоти: Нема за што да жалиме, продолжуваме со исто темпо во Лига Европа

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, немаше замерки кон своите избраници по поразот од Ливерпул (1:0) и елиминацијата од Лигата на шампионите.

-Нема за што да жалиме. Направивме се што можевме, дури и повеќе од тоа што се очекуваше од нас. Дојдовме на чекор од пласман во следната фаза. Сега ни останува да продолжиме со оваа форма во Лига Европа, изјави Анчелоти.

Во т.н. група на смртта Наполи заврши на третата позиција со девет бода, исто колку што собра и второпласираниот Ливерпул, но гол-разликата го одлучи патникот во осминафиналето. (МИА)