Две лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајната несреќа која вчера во 12,45 часот се случила на крстосницата од булеварот „Никола Карев“, улицата „Јадранска Магистрала“ и булеварот „8-ми Септември“.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале три возила, „Шевролет спарк“ управуван од Л.Г.(60) од Скопје, „Сеад алтеа“ управуван од О.Т.(30) од Скопје и „Фолксваген пасат“ управуван од Ф.М.(58) од Скопје, сите со скопски регистерски ознаки.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.Г., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница „8-ми Септември“, а со телесни повреди се здобил О.Т., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.