Харадинај на предновогодишната конференција во Министерството за регионален развој изјави дека сочувствува со БиХ, како „земја која заслужува почит и партнерство“ и дека мерката од 100 отсто такса на увозот од БиХ „не е воведена за да се повредат односите меѓу двете земји и двата народи“, туку се работи за „одредено дејствие, во одредена ситуација, која се однесува на прашањето на признавањето“.
– Сакаме преку оваа одлука која ја донесовме да постигнеме Србија да не признае. Тие имаат потреба од нашиот пазар, ние имаме потреба од признавање на независноста. Исто така сакаме да ѝ олесниме и на Босна утре да донесе одлука за признавање на Косово, бидејќи ние немаме отворени прашања со Босна и не сакаме да ги повредиме со оваа одлука, рече Харадинај.
Косовската Влада, и покрај несогласувањата од меѓународниот фактор, меѓу другите и на Европската унија, останува на одлуката дека таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и БиХ ќе се укине само откако ќе престане деструктивниот однос на Србија кон Косово и откако тие две држави ќе ја признаат независноста на косовската држава.